МОСКВА: Мудро ќе одговориме доколку САД повторно воведат санкции против руските службеници

од Берта Китинска
195 прегледи

Русија ќе покаже мудрост во изборот на начинот на кој би можела да одговори на потенцијалните американски санкции насочени против 35 високи руски функционери и бизнисмени, изјави денеска портпаролот на Кремaљ, Дмитриј Песков.

– Мораме мудро да одговориме. Сигурен сум дека претседателот Владимир Путин ќе покаже таква мудрост, – рече Песков за ТВ каналот „Русија -1“, пренесува ТАСС.

Санкциите против 35 руски државјани беа одобрени од Претставничкиот дом на Американскиот конгрес, но тие се уште не стапија во сила, бидејќи мора да бидат одобрени од администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден.

Песков рече дека реакцијата на рускиот претседател на евентуалното воведување санкции ќе биде „главно предвидлива“, бидејќи е тешко да се разберат причините за овој тренд, „особено по она што беше кажано на средбата меѓу Путин и неговиот американски колега Бајден на самитот во Женева во јуни “.

– Ова апсолутно е во спротивност со резултатите од самитот – рече Песков.

Слични содржини