Москва: Наближува нова студена војна, бегајте од проамерикански лидери!

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Наближува нова студена војна, предупреди претседателот на руската Дума, Сергеј Наришкин во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи ги Европејците „да бидат поразумни и да изберат лидери кои ќе ги заштитат правата на своите народи, а не геополитичките интереси на САД“.putin-6

Наришкин, кој се смета за близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, во интервјуто зборува и за обидите базиликата „Аја Софија“ во Истанбул да биде претворена во џамија, нагласувајќи дека „политичарот, кој би се осмелил да направи такво нешто, не би имал политичка перспектива“.

Тој се осврнува и на руското ембарго воведено на грчките стоки, а коментирајќи го Брегзит тврди дека „нешто лошо и катастрофално се раѓа во структурите на ЕУ“