Отворањето на руската воена база во регионот Запорожје ќе биде гаранција за безбедноста на регионот од обиди за надворешна агресија, изјави Владимир Рогов, член на главниот совет на администрацијата на регионот.
Според него, за ова прашање подетално ќе се разговара по референдумот и влезот на Запорожјската област во Русија, пренесе Спутник.
„Русија не ја напушта својата територија ниту ја повлекува војската, затоа сме сигурни дека така ќе биде и со провинцијата Запорожје, која сака да стане дел од Руската Федерација“, посочи Рогов.