Москва најавува жесток одговор на украинските напади врз Курск

од Nikola Popovski
234 прегледи

Наскоро ќе следи остра реакција на Русија на новите напади на вооружените сили на Украина врз руските региони, предупреди портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, коментирајќи го ракетниот напад на украинските сили врз Курск и нападите со дронови на другите руски региони.

Таа нагласила дека Москва одлучно ги осудува, како што вели, варварските терористички напади на Киев, чија цел е уништување на цивилната инфраструктура, убивање и заплашување на цивилите.

„Не се сомневаме дека организаторите и извршителите на овие злосторства, вклучително и нивните странски спонзори, ќе одговараат за нив. Наскоро доаѓа остар одговор од вооружените сили на Русија“, најавила Захарова.

Според неа, „режимот во Киев“ многу добро знае дека овие варварски дејствија немаат никаква смисла од воена гледна точка, но дека продолжува да „ги враќа заемите што им ги дале нивните господари“.

Во тој поглед, Русија ги повикува меѓународните организации да ги осудат терористичките напади на Киев врз руските региони.

„Сепак, сигурни сме дека одговорот ќе биде срамежливиот молк на соодветните структури“, рекла Захарова.

Слични содржини