Москва: Не добивме американско барање за телефонски контакт на Лавров и Блинкен

од Stefanija Kuzmanovska
174 прегледи

Москва не го добила барањето на Вашингтон за телефонски контакт меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Покрај медиумските извештаи, немаше барања. Се водиме од вообичаената дипломатска практика, а не од мегафонската дипломатија“, се вели во соопштението на руското Министерство, пренесува ТАСС.

Блинкен рече дека за неколку дена планира да разговара со Лавров за прашањата за извозот на жито од Украина и за можното ослободување на американските државјани притворени во Русија.

Слични содржини