Москва негира дека Путин и Лавров имаат банкарски сметки во странство

од Nikola Popovski
393 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, против кои Лондон воведе санкции, немаат банкарски сметки во странство, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Ниту Путин, ниту Лавров немаат сметки во Британија или каде било во странство. Можеби владата на Обединетото Кралство не замрзна ништо, туку одмрзна“, напиша таа на Телеграм.

Претходно, Велика Британија воведе санкции против рускиот претседател Владимир Путин и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Санкциите вклучуваат и замрзнување на имотот, но не е наведено за какви средства се мисли и дали постојат.

Слични содржини