200
„Околу 200.000 луѓе се изложени на ризик да ги загубат своите работни места во руската престолнина бидејќи странските компании го прекинаа своето работење или одлучија да го напуштат рускиот пазар“, предупреди денеска градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.
Московските власти се подготвени да ги поддржат луѓето кои ќе останат без работа, нудејќи им обука и привремени и општествено важни работни места, напиша Собјанин на својот блог, пренесува Ројтерс.