Москва: Отровна кампања на САД и НАТО

од Vladimir Zorba
371 прегледи

Руското Министерство за надворешни работи оцени дека САД и земјите од НАТО наместо да подготвуваат одговори на руските предлози за безбедносни гаранции, започнале „отровна кампања“ со лажни обвинувања против Москва.

Руското Министерство наведува дека од 15 декември 2021 година, кога официјално и го предаде на Москва нацрт-договорот за безбедносни гаранции, Москва добила „очигледни обиди од американската страна да ја одложи дискусијата за конкретните предлози на Русија“, пренесe РИА Новости.

Во коментарот на руското министерство се наведува дека наместо да се фокусираат на одговорите на прашањата поставени во руските документи, Белата куќа и нејзините западни сојузници започнаа исклучително „отровна“ информативна и пропагандна кампања која ја прикажува Русија како „агресор“, „непријател на цивилизирана Европа“.и „закана за“ меѓународната стабилност.

На крајот на 2021 година Русија ги објави нацрт-договорите со САД и НАТО за безбедносните гаранции.

Москва бара од западните партнери правни гаранции дека НАТО нема да се прошири понатаму на исток, дека Украина нема да се приклучи на Алијансата и дека западните земји нема да воспостават воени бази во земјите од поранешниот Советски Сојуз.

Слични содржини