207
Во областа Подолски во Московската област, системот за противвоздушна одбрана уништил украински дрон, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„Денеска во 11:27 часот беше спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со беспилотно летало врз објекти во московскиот регион“, се вели во соопштението, пренесува агенцијата РИА Новости.
Се додава дека нема жртви или материјална штета.
Градоначалникот на Москва, Срегеј Собјанин, објави дека дронот се обидел да се пробие до Москва и дека силите за воздушна одбрана го уништиле на приодот кон руската престолнина.
Од аеродромот Внуково претходно информираа дека од безбедносни причини дел од летовите биле пренасочени.