Москва предупредува: НАТО ќе отвора сајбер центар на за хибридна војна во Албанија

Европскиот центар за хибридни закани во Хелсинки, според НАТО и ЕУ, има зе цел борба против неконвенционалните методи на војување, како што се дезинформациите и лажните вести.

од Бети Божиноска

НАТО и Европската Унија ја прошируваат територијата на која се наоѓаат нивните сајбер центри насочени против Русија, а сега планот е да се изгради еден таков центар во Албанија, откри денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Таа предупреди дека „на овој начин може да се појави уште еден извор на хибридни закани на Балканот – регион кој се карактеризира со внатрешно-политички проблеми“.

Како што објаснува Захарова, фокусот на ваквите сајбер-центри ќе биде ставен на Русија, која за Американците е „една од главните закани за американската стабилност во дигиталната сфера“.

Захарова потсети дека во 2017 година во Хелсинки беше отворен Европскиот центар за борба против хибридни закани. Анализирајќи ја неговата работа, руските воени експерти дошле до заклучок дека „финскиот центар спроведува комплекс од активни мерки во воената, политичката, дипломатската, економската, информативната, медицинската и други сфери со цел да се наруши позитивниот имиџ на Русија“.

Европскиот центар за хибридни закани во Хелсинки, според НАТО и ЕУ, има зе цел борба против неконвенционалните методи на војување, како што се дезинформациите и лажните вести.

Меморандумот за неговото основање го потпишаа девет земји – Велика Британија, Финска, Франција, Германија, Латвија, Литванија, Полска, Шведска и САД.

 

Шефот на цивилната подготвеност на единиците на НАТО, Лоренц Мајер Мајнеман, изјави во тоа време дека центарот за спречување на хибридни закани ќе служи како платформа за собирање средства и размена на експертиза од ЕУ и НАТО.

Слични содржини