238
Во Москва, за прв пат по инвазијата на Украина, уапсен е Русин под сомнение за предавство, пренесе ТАСС.
Според одлуката на судот во Лефортово, уапсен е Јуриј Абрамов, кој во кривичната постапка е обвинет од член 275 за велепредавство. За што точно се сомничи Абрамов не се открива.
Човекот бил уапсен од членови на ФСБ, а доколку биде прогласен за виновен за предавство, му се заканува казна затвор до 20 години.
По почетокот на „воената операција“ на територијата на Украина, како што Москва ја нарекува агресијата врз Украина, Генералното обвинителство на Руската Федерација им се закани на Русите со кривична одговорност за каква било помош на странски земји во активности против безбедноста на Русија.