Русија ја нарече “врв на цинизмот” критиката кон Кремљ и резолуцијата усвоена од Европскиот парламент по повод убиството на опозиционер Борис Немцов, и ги обвини европратениците дека ги попречуваат напорите за нормализирање на односите меѓу Москва и ЕУ, пренесе Франс прес.
ЕП го обвини во четвртокот Кремљ дека ја претвора Русија во “држава, обележана од репресии, со јазик на омраза и страв”, во која се можни политички убиства како тоа на Немцов, застрелан во центарот на Москва на 27 февруари. Европратениците ја критикуваа Русија и за тоа дека не и помага на меѓународното истрага за несреќата на авионот на “Малеезијаа ерлајнс” кој се урна во Украина во јули 2014 година.
Оваа резолуција е апсурдна компилација од лаги и измислици, рече во коминике портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Александар Лукашевич. “Само болна имагинација може да направи врска помеѓу таквите различни теми”, додаде тој. Тој го нарече “врв на тој нивни цинизмот” за смртта на Немцов и рече дека резолуцијата штети на напорите за нормализирање на ситуацијата во Европа.
