Руската Федерација ги повикува Обединетите нации (ОН) да и обезбедат целосна економска контрола врз 1 200 000 квадратни километри површина во Арктичкиот Океан, вклучувајќи и врз Северниот Пол.
Според Конвенцијата на ОН за морињата од 1982 година, секоја нација има ексклузивна економска зона од морињата и океаните, која се протега до 500 километри од брегот. Русија, сепак, повикува за поинакво правило, бидејќи ” може да се докаже дека континенталниот гребен, на кој лежи Русија, всушност се протега многу подалеку од овие 500 километри”.
Во такви случаи законот ја признава 900-метарска граница навнатре во морето, според CNBC.
Oрганизацията на Обединетите нации го негира ова тврдење на Москва од 2002 година, повикувајќи се на недостаток на научни докази за неговата веродостојност. Но Русија не се согласува.
Руските лидери тврдат дека испратиле мала подморница во реонот, која ќе ги собере потребните научни докази во заштита на нивната политичка теза во ОН. Истата подморница, според податоците на “The New York Times”, е закачила мало руско знаме на океанското дно, токму на Северниот Пол.
Се смета дека во земните длабочини под Северниот Пол се кријат огромни наоѓалишта на нафта и природен гас, кои, како последица од глобалното затоплување и топењето на арктичкиот мраз, стануваат се повеќе достапни за човечка употреба.
