Москва се уште не ги призна Талибанците како легитимна влада во Авганистан

од Vladimir Zorba
197 прегледи

Москва се уште не ги призна Талибанците како легитимна влада во Авганистан, соопшти во неделата руското Министерство за надворешни работи, додека руската амбасада во Кабул објави дека е подготвена да соработува со преодната влада.

Министерството за надворешни работи на Русија за руската агенција РИА изјави дека претседателот Ашраф Гани најверојатно нема да замине во Русија по напуштањето на земјата.

Гани го напушти Кабул со своите соработници во неделата и се упати кон Таџикистан.

Русија е подготвена да соработува со авганистанската преодна влада, изјави портпаролот на руската амбасада во Кабул, пренесе Интерфакс.

Портпаролот на амбасадата, кој претходно објави дека нема потреба од евакуација од Кабул, исто така, рече дека Русија разговара со разни актери во Авганистан.

Талибанците контролираат поголем дел од земјата, а во неделата влегоа во главниот град Кабул. Авганистанскиот министер за внатрешни работи најави дека владата ќе ја предаде власта на преодна влада.

Портпаролот на Талибанците, Забихула Муџахид во изјава рече дека Талибанците преговараат со владата за мирно предавање на Кабул.

„Талибанските борци чекаат на сите влезови во Кабул за договор за мирен и задоволителен трансфер на власта“, се вели во соопштението.

Но, Ахмад Џалали, универзитетски професор во Соединетите држави и поранешен авганистански министер за внатрешни работи, најверојатно ќе раководи со преодната влада во Кабул, изјавија тројца дипломати за Ројтерс.

Слични содржини