Талибанците засега не ја контролираат целата територија на Авганистан, поради што Москва се залага за што е можно побрз почеток на национален дијалог со учество на сите страни, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.
Како што рече, Москва ја поздравува изјавата на Талибанците дека се подготвени за дијалог со другите политички сили во Авганистан и инсистира овие политички процеси да се реализираат во конкретни резултати.
– Ќе се обидеме на сите начини да ги реализираме сите оние политички процеси што ќе бидат иницирани – нагласи Лавров.
Шефот на руската дипломатија, исто така, рече дека Русија е подготвена да го обнови московскиот формат на преговори за прашањето за Авганистан, бидејќи, како што оцени, тој формат има најголеми перспективи за постигнување на каков било резултат.
Тој, исто така, потсети дека сите пет земји од Централна Азија учествуваат во форматот на преговори во Москва – Кина, Пакистан, Индија, САД, Иран, Русија, како и сите завојувани страни во Авганистан.
Ситуацијата во Авганистан се влоши во последните недели откако започна офанзивата на Талибанците врз поголемите градови.