Москва соопшти дека е прекинато движењето на бродови низ коридорот на Црното Море

од Nikola Popovski
283 прегледи

Министерството за одбрана на Руската Федерација денеска соопшти дека движењето на бродови низ безбедносниот коридор во Црното Море ќе биде суспендирано додека не се разјасни ситуацијата со наводните напади на Украина врз Севастопол.

– Се додека не се разјасни ситуацијата во врска со акцијата на Украина извршена на 29 октомври против воени и цивилни бродови во Севастопол, прекинато е движењето низ безбедносниот коридор предвиден со Црноморската иницијатива – се наведува во соопштението на Министерството.

Тие додаваат дека е недозволиво „украинските бродови да минуваат низ безбедносниот коридор бидејќи Украина го користи за извршување воени дејствија“.

– Движењето на бродови долж безбедносниот коридор е неприфатливо, бидејќи украинското раководство и командата на вооружените сили на Украина го користат за воени операции против Руската Федерација – се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Тие нагласуваат дека Русија како главен учесник во договорите во рамките на Црноморската иницијатива не се повлекува од нив, туку го суспендира своето учество.

Русија во саботата објави дека го суспендира своето учество во договорот за жито по нападот во Севастопол врз воените бродови на Црноморската флота и трговските бродови ангажирани за обезбедување на коридорот за жито.

Договорот што го постигнаа Украина и Русија на 22 јули во Истанбул со посредство на Обединетите нации и Турција резултираше со извоз на неколку милиони тони прехранбени производи од пристаништата на Црното Море во Украина.

Слични содржини