Москва: Украина ослободи 55 руски борци

од Stefanija Kuzmanovska

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека украинската страна во размена на заробеници ослободила 55 припадници на армијата на Руската Федерација и самопрогласените Доњецка и Луганска народна република.

Портпаролот на министерството, Игор Конашенков, изјави дека сите ослободени затвореници пристигнале на територијата на Русија со воено транспортни авиони и дека се наоѓаат во воено медицински установи, пренесува „Интерфакс“.

Според неговите зборови, сите ослободени војници имале можност да контактираат со своите роднини и им била укажана потребната медицинска и психолошка помош.

Претходно, неименуван саудиски функционер објави дека Русија со посредство на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман ослободила 10 воени заробеници заробени во Украина, како и 215 Украинци.

Како што рече, меѓу ослободените странци има државјани на САД, Велика Британија, Шведска, Мароко и Хрватска.

Слични содржини