Москва: Украинци организираа атентат врз руски олигарх

од Stefanija Kuzmanovska
142 прегледи

Руската ФСБ тврди дека е спречен атентат врз олигархот Константин Малофејев.

„Спречен е атентат на јавна личност, претседателот на одборот на директори на групацијата компании ‘Царград’, Константин Малофејев, кој го организираа украинските специјални служби“, се вели во соопштението.

Според службата, Денис Капустин, руски државјанин кој живее во Украина и работи под контрола на украинската разузнавачка служба (СБУ), стои зад обидот за убиство на бизнисменот. Станува збор за еден од организаторите на рускиот волонтерски корпус, чии борци учествуваат во воените дејствија на страната на украинските сили, пренесува РИА.

Сторителите наводно планирале да го разнесат автомобилот на Малофејев со експлозивна направа поставена под возилото, слична на шемата користена во убиството на руската новинарка Дарја Дугина.

Слични содржини