Руското министерство за одбрана денеска соопшти дека една од техничките водоводни цевки на нуклеарната централа Запорожје била оштетена во украинско гранатирање со проектили од висок калибар.
Во соопштението се прецизира дека е погодена цевката на техничкиот водовод на првиот безбедносен систем на реакторот број 5 на електраната Запорожје, пренесува РИА Новости.
Нуклеарната централа Запорожје се наоѓа на југот на Украина во близина на градот Енергодар, а од март е под контрола на руските сили, додека таму продолжуваат да работат украински експерти.