Москва: Вашингтон замислува рокови кога Русија има намера да ја „нападне“ Украина

од Vladimir Zorba

Руската амбасада во Вашингтон ја оцени како неточна изјавата на портпаролот на Белата куќа Џон Кирби дека „инвазијата“ на руската армија врз Украина би можела да се изврши кон средината на јануари или почетокот на февруари и наведе дека таквите тврдења претставуваат информативен притисок.

Како што се наведува, американските функционери веќе почнуваат да изнесуваат „детали за руската специјална операција и некои сценарија“ без да имаат докази за тие тврдења.

„Сите овие изјави претставуваат континуиран информативен притисок врз Русија“, соопшти руската амбасада, цитирана од „Спутник“.

Истовремено, додаваат од амбасадата, целта на овие тврдења е тие да се појават во медиумите толку пати, што на крајот би се претворило во наводна вистина.

Да потсетиме, портпаролот на Пентагон, Џон Кирби изјави дека Русија наводно подготвува изговор за инвазијата на Украина, без да наведе докази за тие тврдења.

Слични содржини