Москва воведе забрана за влез во Русија за ирскиот премиер

од Stefanija Kuzmanovska
170 прегледи

Официјална Москва стави 52 државјани на Ирска на списокот со забрана за влез во Русија, меѓу кои и премиерот Мајкл Мартин, соопшти денеска руското министерство за надворешни работи.

„Како одговор на антирускиот курс на ирската влада, која безусловно ги поддржува едностраните рестриктивни мерки воведени од ЕУ против руските граѓани, беше донесена одлука 52 клучни претставници на ирското раководство да се стават на списокот за забрана за влез во Русија“, стои во соопштението на Министерството, пренесе „Интерфакс“.

Како што се наведува, покрај ирскиот премиер Мартин, неговиот заменик Лео Варадкар, на списокот се и претседателот на Долниот дом на Парламентот, министерот за надворешни работи и одбрана, државниот обвинител, како и одреден број сенатори и пратеници во долниот дом на ирскиот парламент.

Слични содржини