Москва: Вревата околу руски С-300 за Иран буди збунетост

од desk3
146 прегледи

Шпекулациите по повод отстранетата ембарго за рускиот дотур на комплексите С-300 за Иран будат збунетост. Испораките се во целосна согласност со важечките меѓународни правила.

Тоа го изјави Михаил Улјанов, директорот на одделот за прашањата за неширење и контрола над оружјето кон Министерството за надворешни работи на Русија, пренесе РИА “Новости”.

“Вревата по овој повод буди збунетост. Сето ова е во спротивност на нормалната човечка логика “, истакна тој.

Според неговите зборови, блокирањето на договорот меѓу Русија и Иран е “наше национално решение”.

c300

Ембаргото, воведено со резолуција 1929 на Советот за безбедност на ОН, не вклучува забрана за обезбедување на средства за противракетна одбрана. Испораките се во согласност со важечкиот режим на ембаргото за оружје и не се косат “, потсети дипломатот.

Тој нагласи дека комплексите имаат чисто одбранбен карактер и не загрозуваат никого.

Во понеделникот прес-службата на Кремљ соопшти дека претседателот на Русија Владимир Путин потпишал декрет за укинување на забраната за испорака на анти-авионски-ракетни комплекси С-300 на Иран. Продажба на пет комплекси С-300 ПМУ-1 со 40 лансирни рампи беше договорена меѓу Техеран и Москва во 2007 година. Извршувањето на договорот беше прекинат поради наметнати против Иран меѓународни санкции.

Претходно американскиот генерал Мартин Демпси изјави дека испораките на руски анти-авионски-ракетни комплекси С-300 за Иран нема да влијаат на способноста на САД да ги погодат нуклеарните инсталации на Техеран со воздушни напади, ако е потребно.

Израел ги осуди активностите на Русија, а Вашингтон изрази загриженост. Иран ја поздрави одлуката како чекор кон “долготрајна безбедност” во регионот.

Техеран најави дека Русија може да достави такви системи најрано кон крајот на 2015 година. Во моментов персиската држава нема модерна противвоздушна одбрана, која ќе се спротивстави на борбените авиони на САД и Израел.

С-300 детектира и уништува балистички ракети, ракети и авиони на ниска височина. Иако С-300 ќе придонесе многу за одбрана на Иран, не е јасно дали ракета од системот може да ги порази американски борбени авиони Ф-22 и бомбардери, велат експертите.