221
Воените вежби на НАТО на северот на Норвешка не придонесуваат за безбедноста на Арктикот, а Москва е загрижена поради зголемувањето на воената активност во тој регион, изјави денеска високиот претставник на Министерството за надворешни работи на Русија, Николај Корчунов.
Русија е загрижена поради вклучувањето на земји кои не се арктички членки на НАТО во воени активности во таа област, бидејќи тоа го зголемува „ризикот од ненамерни инциденти и може да го оштети кревкиот арктички екосистем“, рече Корчунов, пренесува ТАСС.
„Доколку Шведска и Финска се приклучат на НАТО, тоа ќе ја поткопа безбедноста и довербата на Арктикот, додаде рускиот функционер, кој е и претседател на Комитетот за високи функционери на Арктичкиот совет.