Градоначалникот на Град Скопје Данела Арсовска денеска изјави дека ќе се доврши изградбата на новиот мост на булеварот „АСНОМ“.
-Некој отпочнал да гради мост без да има решено над 150-тина имотно-правни прашања, од кои голем дел се веќе влезени во спорни побарувања меѓу физички и правни лица кои немаат врска со Градот, кажа градоначалникот на Град Скопје Данела Арсовска денеска изјави дека ќе се доврши изградбата на новиот мост на булеварот „АСНОМ“.
-Тие се нешто што треба прво граѓаните да го разрешат меѓу себе, а понатаму да пристапиме кон експропријација на нивните имоти, изјави Арсовска одговарајќи на новинарско прашање.
Таа нагласи дека како градоначалник ќе биде посветена на сите почнати проекти да се реализираат, но вели дека за динамиката на реализација не може да гарантира. Потенцира дека некој почнал проект, а не знаел како ќе го реализира.
Според неа, во делот на мостот на булевар „АСНОМ“ има над 170 имоти кои не се завршени, односно не е завршена постапката на експропријација, има имотно-правни спорови.
-Мостот ќе се доврши, но уште поважно во оваа фаза е да се потрудиме што е можно поскоро да се пристапи кон тоа да се решат овие имотно-правни спорови, кои во овој момент ги има таму за да може мостот да биде поврзан. Не е проблем изградбата на мостот, тој ќе биде изграден, меѓутоа поврзувањето од обете страни е нешто кое има повеќе имотно-правни спорови, појасни Арсовска.