3,9K
Поранешниот тренер на Болоња, Тиаго Мота е новиот шеф на стручниот штаб на Јувентус, соопшти вечерва клубот од Торино.
Мота (41) потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2027 година. Тој на клупата на торинскиот клуб го менува Масимилијано Алегри, кој на крајот од минатата сезона доби отказ од торинскиот клуб.
Во претходната сезона Мота се пласираше во Лигата на шампионите со екипата на Болоња, откако го освои петтото место во Серија А со 68 бодови.
Пред Болоња беше тренер на Специја, Болоња и младинскиот тим на Пари Сен Жермен.