Мотоциклист удрил во пешак во Тетово и му нанел тешки телесни повреди

од desk2
14 прегледи

Во Тетово вчера млад мотоциклист удрил во 69-годишник и му нанел тешки телесни повреди.

Како што соопшти СВР Тетово, вчера во 14:15 часот било пријавено дека на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, С.Р.(20) од с.Горно Палчиште, општина Боговиње, управувајќи мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, удрил во пешакот М.С.(69) од с.Фалише, тетовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.С., констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.