10
На регионалниот пат Р2243 во селото Биџево, Струшко, вчера во 10.40 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ со германски национални ознаки, управуван од И.М.(38) од струшкото село Мислодежда и велосипед управуван од Р.Т.(79) од Биџево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.