Motorola го подготвува првиот паметен телефон со камера од 200 MP

од Vladimir Zorba
393 прегледи

Samsung пред два месеци претстави сензор за камера за паметни телефони со резолуција од дури 200 MP. За време на презентацијата не беа објавени информации за тоа кога можеме да го очекуваме овој сензор кај првите модели на телефони, ниту пак кои модели ќе бидат, но благодарение на познат инсајдер од мобилната индустрија, познат на Twitter како Ice Universe, сега дознаваме.

Треба да се нагласи дека ова не е некоја официјална информација, но исто така, Ice Universe се покажа како личност со одлични врски во индустријата на чии информации може да се верува.

Според него, првата компанија чиј телефон ќе има камера со резолуција од дури 200 MP ќе биде – Motorola. Тој не споменува конкретен модел, ниту кога Motorola ќе го претстави, но најверојатно тоа ќе биде во текот на првата половина на следната година. Следниот модел што ќе го претстави Motorola, според претходните гласини е Edge 30 Ultra, но тој уред треба да има два сензори со резолуција од 50 MP, а не 200 MP, па така новиот сензор ќе биде имплементиран во друг модел.

Компанијата која неодамна ги претстави телефоните со новите сензори на Samsung беше кинеската Xiaomi, а тие исто така планираат да имплементираат сензор од 200 MP во еден од нивните претстојни телефони. Сепак, нема да биде така наскоро, откако овој уред можеме да го очекуваме во втората половина на 2022 година.

Што се однесува до Samsung, според Ice Universe, првиот смартфон со овој сензор не треба да се очекува пред 2023 година, најверојатно тоа ќе биде моделот Galaxy S23.

Слични содржини