Моторола Razr ќе се врати со дисплеј на преклопување и цена од 1.500 долари

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Наскоро Lenovo ќе врати во живот еден од легендарните телефони од почетокот на милениумот. Најверојатно се сетивте дека се работи за Моторола Razr, а информациите доаѓаат од извор на „The ​​Wall Street Journal“.

Според изданието, уредот ќе се појави на пазарот како паметен телефон со дисплеј на преклопување и почетна цена од околу 1.500 долари. Lenovo ќе соработува исклучиво со Verizon за дебито во САД, што може да се случи уште во февруари.

„WSJ“ пишува дека тестирањето на уредот сѐ уште не е завршен, па датумот на премиерата сѐ уште не е финализиран. Плановите на Lenovo вклучуваат производство на 200.000 паметни телефони, што укажува на тоа дека компанијата не очекува тој да стане масовен производ, но тоа е разбирливо по таа цена. Пред една година, шефот на компанијата најави можност за враќање на Razr со ваков тип на дисплеј.

Samsung исто така подготвува сличен паметен телефон, кој веројатно ќе чини над 1.500 долари.