65
84-годишна жена од градот Кичево добила кривична пријава откако лани полицајците во нејзиниот дом откриле, две ловечки пушки.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ц.С.(84) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”. На 22.05.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената, при што биле пронајдени и одземени две ловечки пушки кои неовластено ги поседувала“, соопшти МВР за ова свое постигнување.
За кривичното дело за кое е осомничена 84-годишната жена, предвидена е казна затвор во траење од три до десет години.