Може да штити со години: Руските научници работат на вакцина која развива клеточен имунитет

од Берта Китинска
238 прегледи

Руската Федерална медицинска и биолошка агенција работи на вакцина против вирусот ковид 19, кој развива клеточен имунитет, бидејќи може да трае од 13 до 17 години, пренесува Спутник.

– Антителата обезбедуваат имунитет на вирусот само со месеци – изјави Вероника Скворцова, шеф на Федералната агенција за биомедицина, за време на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин.

– Ја достигнавме првата верзија, сега се подготвуваме за клинички испитувања. Се надеваме дека ќе ги започнеме во втората половина на годината.

Вчера пристигна веста од Русија дека тие поднеле барање за одобрување на нова вакцина против коронарниот вирус „Спутник лајт“, која обезбедува краткотраен имунитет и се дава во една доза. Целта на научниците беше да обезбедат што е можно поширок спектар на вакцини во најкус можен рок за да може да се стави под контрола пандемијата на коронарниот вирус.

Слични содржини