Може ли чајот да се расипе?

427 прегледи

Во многу домаќинства, кутиите со чај можат да стојат во креденците и ладилниците многу долго, скоро и да заборавите дека се таму. Тогаш, еден ден, сакате да испиете шолја чад, но на вашата кутија има рок на траење. Поради тоа, многу од нас имаат дилема во врска со тоа дали чајот навистина може да се расипе.

Иако на секоја кутија која ќе ја купите е назначен рокот на траење, тој најмногу се однесува на времето до кое би тербало да го искористите чајот пред да го изгуби вкусот. Понатаму, не мора да значи дека ќе се расипе по тој рок, но вкусот најверојатно ќе исчезне што подолго стои.

Препорачливо е чајот да го чувате на суво и мрачно место. Исто така, избегнувајте да го чувате чајот на висока температура.

Доколку и понатаму сте загрижени поради рокот на траење, мириснете ја кесичката. Доколку не чувствувате никаква арома, можете да го фрлите.

Слични содржини