Може ли да си наштетите со користење стари зачини?

од Elena Daskalova
285 прегледи

Речиси во секое домаќинство постои залиха од зачини кои се собирале низ годините, правејќи резерви или пак, заборавајќи дека веќе имате дома, сте купиле ново пакување.

Најголемиот дел од зачините имаат рок на траење од три години од моментот кога се отворени. Ова важи за сушените и мелените зачини, како што се циметот, ѓумбирот, каранфилчето, шафранот…

Кај нив постои веројатност по некое време да ја изгубат аромата и веќе да не го даваат посакуваниот вкус на храната.

Препораката е да купувате количина која знаете дека ќе ја употребите во пократок временски рок. Средете ја кујната, ослободете се од старите зачини, не затоа што се расипани, туку затоа што е можно да имаат спори од мувла поради несоодветни услови или во нив да се имаат изведено ситни мушички кои предоцна ќе ги забележите.

Слични содржини