Скот Менсел, професионален возач на тркачки автомобил и водител на YouTube каналот Driven Media, се обиде да открие дали навистина добар возач може да запре побрзо со чувство отколку компјутер со антиблокирачки сопирачки.
Во последното видео на каналот, возачот успеа да забрза побрзо само со десната нога и малку претпазливост пред најдобрите компјутерски инженери на Ферари да успеат да го натераат својот автомобил да полета со „контрола на лансирање“. А во новото видео, Менсел признава дека мислел дека ќе биде многу слична ситуација со ABS.
Како што се испостави, технологијата е исклучително корисна за секојдневните возачи. За време на тестирањето, Mazda MX-5 успеа да застане на просечни 34,73 метри со отстапување помало од еден метар при вклучувањето на ABS, пишува „Jutarnji“.
Во меѓувреме, нормалниот возач ја постигна најдобрата оценка од 39 метри, а му успеа едвај во третиот од вкупно пет обиди. Неговиот прв обид беше 45 метри, а просечното растојание за сопирање беше 42,66 метри, разлика од 7,93 метри.
Така да, ABS е, всушност, корисна безбедносна карактеристика. Но, што ако сте навистина добар возач? На Менсел, исто така, му беа дадени пет обиди без системот за противблокирање на сопирањето за да ја докаже супериорноста на човештвото, но исто како и секој нормален возач, неговиот прв обид беше полош од ABS.
Во втората прилика, Менсел успеа да се подобри и постигна најдобар резултат од 37,5 метри, што е сепак за 2,7 метри полошо од просечното растојание на сопирање на системот ABS. Заклучок: луѓето навистина не може да се натпреваруваат со компјутерите кога станува збор за сопирањето.