Дали вештачката интелигенција може да ги замени писателите и сценаристите? Ова е прашање за кое се дебатира во последно време. Бидејќи некои медиумски куќи веќе заменија дел од новинарите со различни алатки за вештачка интелигенција, на „Амазон“ се појавија книги кои беа целосно „напишани“ со ChatGPT, а американските сценаристи дури предупредија за време на последниот штрајк за потенцијалниот проблем да бидат заменети со вештачка интелигенција.
Но, колку е тоа навистина можно во моментов? Американскиот режисер со хрватски корени, Ненад Чичин-Шаин, на свој пример доживеа што значи да се има сценарист со вештачка интелигенција. Имено, неговиот проект, драма за политичар кој целосно се потпира на вештачката интелигенција за да носи одлуки наместо него, очајно пропадна. И тоа е токму поради AI сценаристот.
Како што изјави за „Семафор“, решил да користи вештачка интелигенција за да напише сценарио и тоа искуство да го претвори во документарен или игран филм. Неговите очекувања за работа со AI сценарист беа јасни – тој ќе вметне инструкции и упатства, а AI скценаристот (во овој случај ChatGPT) ќе го „исплука“ сценариото.
Наместо тоа, она што следеше беше бизарна ситуација за која би помислиле дека е човечки сценарист, а не вештачка интелигенција. Откако Чичин-Шаин побара од ChatGPT да му напише сценарио, четботот постојано ја одложувал „испораката“ на напишаното, барал повеќе време, ги менувал роковите и потоа давал причини зошто не може да ги исполни.
Кога сфати дека ништо нема да излезе од сценариото, се обидел повторно во друг муабет. Но, резултатот бил ист.
За помош, тој го замолил својот пријател и основач на стартап со вештачка интелигенција, Томас Бенхам, да се обиде. Но, резултатот за него беше ист.
Заклучиле дека не станува збор за грешка, туку за очигледен проблем во начинот на кој е дизајниран четботот. За Чичин-Шаин ова е најдобар показател дека вештачката интелигенција нема да го преземе сценариото барем во следните неколку години.
Тој истакнува дека на вештачката интелигенција и недостасува компонентата на одговорност за своите постапки. И затоа, посочува, во моментов не гледа решение.
Проблемот е што четботите како ChatGPT имаат проблем со запомнувањето или задржувањето на контекстот долго време. Тие можат да обработат голема количина на податоци за кратко време, но кога нешто треба да се разбере како целина – тука застануваат.
Значи, дали сценаристите се безбедни од вештачката интелигенција? Засега веројатно се, но тоа може да се промени во иднина. Бидејќи како што се развиваат чет-ботови и големи јазични модели, така ќе се развива и способноста за подобро пишување. И тоа ќе им даде можност на луѓето кои имаат добра идеја, но не знаат да ја елаборираат и напишат, да ја диктираат на четбот и да добијат назад текст кој можеби не е совршен, но ќе биде доволно добар за човек да го усоврши и да го претвори во нешто одлично.
Единственото прашање е – во свет каде што луѓето даваат идеја, а вештачката интелигенција го прави останатото – кој е вистинскиот автор?