Може ли воопшто Хари да ја наследи круната по повлекувањето?

347 прегледи

Принцот Хари и Меган Маркл ја шокираа јавноста со својата објава дека се повлекуваат од сите кралски должности како самите би заработувале пари. Војводата и војвотката од Сасекс најавиле и дека ќе се преселат во САД, каде ќе поминуваат добар дел од годината, а на социјалните мрежи веќе започнаа објавите за тоа како Меган го одвоила принцот од своето семејство.

Многумина се прашуваат што би се случило со линијата за прстолот и дали принцот има право да ја наследи британската круна.

Одговорот е едноставен – се останува како што било и пред одлуката за повлекување. Принцот Хари моментално е шести во редот за престолот. Пред него се принцевите Чарлс, Вилијам и Џорџ, принцезата Шарлот и малиот Луис. За да му се одземе правото на круната, би требало да реагира владата на Обединетото Кралство, но тоа најверојатно нема да се случи.

Хари и онака не би станал британски крал, бидејќи е шести во редот. Откако децата на Вилијам ќе добијат свои семејства, Хари ќе паѓа во линијата за наследување. Поради тоа, неговата одлука за повлекување и нема да има некое влијание на линијата за наследување.

Слични содржини