113
Автомобилските гиганти Мерцедес и БМВ може да се обединат околу изработка на следно „поколение“ автомобили – меѓу БМВ – 1 серија и Мерцедес А-класа. Тоа ќе биде само дел од едно поширока соработка што ќе вклучува и технологија на самоконтролирани автомобили, објави германски Ханделсблат.
Двете компании треба да ги искалкулираат расходите за да може да си дозволат инвестиции во системи за самоконтролирано управување на возила.
Целта е да не заостанат во однос на технологии на конкурентите или новопојавените како што е Waymo.
Со споделување на детали за компактниот автомобил, двете компании ќе спасат милијарди, тврди германскиот весник повикувајќи се на извори блиски до проектот на двете комапнии.