Можно ли е да живеам во држава во која граѓаните имаат поголема свест од институциите?

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Денес бев до Гевгелија, по автопат сретнав најмалку 100- тина групи мигранти со над 2000 луѓе кои главно со велосипеди се движеа кон север . Најчесто одмараат на бензинските, застанав и јас на бензинската карши мотел Македонија. Таму неколку групи на неколку ќошиња, седат, одмараат, разговараат. Купив нешто за јадење, благца, вода и го однесов на групата која во која имаше и жени и деца. Им пријдов и им ги оставив кесите, сакав да свртам муабет ама неќев да ги вознемирувам и реков само take it is present, веднаш рипнаа,муабет им се правеше и нив почнавме да разговараме.

1549508_10205905754035608_1087256080176813952_n

Неколкумина знаеа одлично англиски, искрено по однесувањето, гестикулацијата и ликот воопшто не се разликуваа од моите најблиски другари, а и генерациски бевме тука некаде. Ми рекоа дека се од сирија од места релативно близу до Турската граница, таму било хаос крв до колена, избегале преку турција и грција и одат за германија. Ме изненади нивната позитивност, велеа добро е успеавме уште неколку дена ќе бидеме во Германија потоа се ќе се среди.

Им објаснував дека веќе не се илегалци дека можат да се качат на воз, во автобус, во такси… рекоа дека слушнале иако не им беше баш нај јасно. Прашуваа дали е сигурно да преноќат на бензинската и дали би ги примиле во мотелот Македонија. Реков дека бенинските имаат камери и дека би требало да се колку толку сигурни, а и бензинџијата потврди.

Рекоа дека жените и децата ќе ги сместат во мотелот каришија. Им најдов броеви и вртев по такси служби да ги префрлат сабајле жените и децата до железничка во Велес , и им објаснував дека во Велес на железничка ги откупуваат точаците и дека они се на 7км од Велес и глупаво е кога веќе одат во непознато да не повратат барем дел од парите. Разговаравме за се и сешто, им кажав се што знаев што може да им помогне во патешествието но им кажав што побргу да заминат од Македонија бидејќи овде условите за бегалци се ужасни.
Заминувајќи и возејќи назад сфатив дека денес од Скопје до Гевгелија не видов ни една полициска кола на бензинските која би можела да ги заштити бегалците од разбојници од кои најмногу и се плашат (особено се уплашени бегалците од Сирија бидејќи се ем поучени ем се побогати), не видов ни едно санитетско комбе на црвен крст или црвена полумесечина.

Единствената и најголемата помош на мигрантите всушност им ја даваат бензинџиите, патарите од патарините и граѓаните , на секоја бензинска има по 2-3 црева претворени во чешми и тушеви на кои мигрантите земаат здив од велосипедскиот пекол Tour d Macedonia. На патарините е исто и плус пакети флаширана водеа од донациите на граѓаните.

Возев и рамислував можно ли е да живеам во држава во која граѓаните (бензинџиите, патаринџиите, возачите, земјоделците) имаат поголема свест од институциите? Изгледа да. Епа ако е да, ебати таквата држава, се мислам и ја да палам точакот и правац Минхен!

фејсбук статус на Никола Писарев