МП: Пристапот до правдата станува достапен и за жителите на Могила

од Vladimir Zorba

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу министерот за правда Кренар Лога со градоначалникот на Могила, Драганчо Саботковски, на жителите од оваа општина ќе им се олесни пристапот до правдата и тие повеќе нема да патуваат до Битола за да се информираат за услугите и правните совети кои може да ги добијат од вработените во подрачното одделение на Министерството за правда, се вели во денешното соопштение.

„Голема благодарност до градоначалникот на општината, Драганчо Саботковски за соработката која ја имаме и отстапениот простор во рамките на општината.

Во текот на годинава драстично е зголемен бројот на барања за примарна и секундарна правна помош, што значи дека оваа кампања дава резултати и можност за поголема информираност.

Наша обврска е на сите граѓани да им обезбедиме соодветни независни и непристрасни судски механизми. Со ова на граѓаните кои се во тешка финансиска состојба ќе им се овозможи да добијат правна помош од адвокат и фер судење.На овој начин покажуваме дека се грижиме за ранливите категории граѓани“, истакнуваат од Правда.

Слични содржини