Мрежата Гугл+ е целосно обновена

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Google не мисли да се откажува од социјалната мрежа Google+. И покрај малата популарност на платформата, таа претрпе целосна преработка. Новата веб страна е фокусирана на кориснички “колекции” и “општества”, што ја условува повеќе како форум за интереси, отколку како персонализирана насочена мрежа.4514103

Од компанијата велат дека оствариле комплетен редизајн на услугата кој ги става кружоците и општествата на преден и централен план. Според креаторите, новиот Google+ e многу поедноставен и оптимизиран за користење на мобилни уреди.

Од Google исто така, објавија дека одвоиле многу време да разговараат и ангажираат корисници на стариот Google+ во развојот на новата верзија. Доминантен одговор на прашањето “Зошто го користите Google+?” Се испоставило дека е “убаво да има место каде да можеш да дискутираш за своите интереси и да си во чекор со промените во нив“. Анализи на компанијата покажале дека клиентите имаат корист најмногу од токму овие карактеристики на социјалната мрежа. Google+ беше лансирана во 2011 без големи маркетинг кампањи.

Платформата се обиде да создаде виртуелен еквивалент на различните пријателски кругови во човечкиот живот, но тој не се покажа доволно успешен. Дел од можните причини за тоа е големата популарност и целосната едноставност на социјалните платформи како Фејсбук, Твитер и др.