МТСП ги демантира лагите на ВМРО-ДПМНЕ за директорката на „Естреја Овадија Мара“

од Nikola Popovski
92 прегледи

Министерството за труд и социјална политика, ги демантира изнесените невистини на прес конференција од страна на членови на ВМРО ДПМНЕ, во врска со директорката на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара, “ Битола.

-Квалитетот на професионалните компетенции, работната етика и почитувањето на законите се условите кои мора да бидат исполнети од страна на раководните лица поставени од Министерството за труд и социјална политика, предводено од министерката Јованка Тренчевска.

Извршувањето на работните задачи, почитувањето на редот и дисциплината на работното место, не може да се израмни со мобинг. Оттука, лаги се и изнесените наводи за мобинг на работно место.

Директорката на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара,“ Битола, во случај со пензионирана вработена како дел од техничкиот персонал, до вработување на нов работник на истата позиција ја искористила можноста, истовремено почитувајќи ги законските прописи, врз основа на потпишаниот анекс на договор за вработување да ја распореди вработената за вршење на работа од едно на друго работно место кое одговара на нејзиниот степен на стручна подготовка, во рамките на работното време.

Грижата за децата и обезбедувањето на нивени правилен раст и развој во процесот на предучилишното воспитание и образование е приоритет на Министерството за труд и социјална политика. Продолжуваме да вложуваме во квалитетно предучилишно воспитание и стручен кадар кој е на ниво на задачите и професионалните компетенции, велат од МТСП за „Локално“.

Слични содржини