МТВ, не ви е срам?

од Vladimir Zorba
307 прегледи

Вклучив да гледам вести на МРТВ Јавен сервис. Луѓе, ова е лудило, јас не сум знаела што пропуштам. Се тркалам од смеење. Ова срање ние сите го плаќаме во суштина. Уредник на денот , Стојан Трпчевски, кој пред некој ден имаше т.н. дебатна емисија со Латас.
joci

1. Прва вест- МВР открило дувло на див мобилен оператор (демек Јанкуловска си работи со полна пареа). 2. Втора вест -биле подобрени условите за крводарителство во Куманово ( Тодоров се фали колку работи). 3. Трета вест-пак за Тодоров. За туларемија. 4. Четврта вест, американски бизнисмени слушнале колку сме атрактивни за бизнис и туризам. 5. Петта вест-македонските бизнисмени очекувале позитивно влијание од мерките за вработување на Груевски. ( со вклучување на Груевски од митинг ). 6. Прилог за граѓанско движење за одбрана на Македонија (Мирка, Миленко, Климовски и осталите..) и осуда на „нападот“ на јавниот сервис од т.н. ослободители smile emoticon

п.с. во текот на „дневникот“, како што самите си го нарекуваат, ќе следувало интервју со Стевчо Јакимовски smile emoticon

Ужасии. Не ви е срам бе ? Онака малкуцка срам ?

фејсбук статус на Јорданка Ивановска – Јоци

Слични содржини