11
Потенцијално опасен инцидент се случил вчера на автопатот Куманово – Скопје вчера.
Имено, 52-годишен Србин пријавил дека вчера во 13.05 часот додека управувал со автомобил „нисан“ со чешки регистерски таблички, му се приближил друг автомобил од кој од совозачката страна бил фрлен предмет на шофершајбната на „нисанот“ со кој управувал и го оштетил.
Полицијата вели дека работи на расчистување на случајот.