Кога одлучила да му прати порака на еден од најславните актери на денешницата, Моника Гутиерез, не очекувала дека ќе добие одговор.Ештон Качер не само што и одговорил, туку за нејзе и нејзиниот син направил многу повеќе.
Имено, синот на Моника имал 13 години и е член на тркачкиот клуб во своето училиште во Тексас, а откако еден од неговите другари во тимот сериозно се повредил бидејќи немал добри, квалитетни патики, мајката одлучила дека ќе си ја проба среќата и ќе го замоли познатиот актер да им помогне.
– Да можев сама да им купам патики, би го направила тоа – рекла моника за CNN.
Но, таа е самохрана мајка на три деца и средствата и се ограничени, па кога видела дека Ештон на Инстаграм повикал луѓе да му се јават, таа тоа и го направила.
Набргу добила имејл од еден од претставниците на актерот и во одговорот било побарано да ги наведе големината на патиките за сите деца во тимот. Моника не била сигурна дали тоа е вистина или некој се шегува со неа.
– Не размислував многу за тоа дали е вистина или не, но не мислев дека ќе испадне нешто од тоа – раскажала Моника.
Таа се шокирала кога неколку дена подоцна пристигнале патики за целиот тим, а Ештон ништо не спомнал за тоа на социјалните мрежи.
– Мислам дека за него тоа не била голема работа, само сакал да направи нешто за децата. Не очекував дека ова ќе се случи, но многу сум благодарна. Само сакав да се заблагодарам за се што направи – заклучила таа.