Му се заканува губење на слухот? Лекари се огласија за состојбата на Џастин Бибер

од Stefanija Kuzmanovska
325 прегледи

Џастин Бибер боледува од ремзи хантовиот синдром, кој предизвикува парализа на лицето, а лекарите истакнуваат дека му претстои долг пат за да се опорави.

Џастин Бибер можеби ќе треба да почека и до шест месеци за целосно да се смири неговата парализа на лицето, а лекарите предупредуваат дека ремзи хантовиот синдром, кој му бил дијагностициран, може да предизвика и губење на слухот.

Сепак, како што истакнаа, едно му оди во прилог, а тоа е фактот што е млад и дека болеста навреме била откриена.

Бибер неодамна јавно ја откри својата дијагноза, велејќи дека десната страна на лицето му е парализирана, поради што не може да трепка, да се насмее или да ги движи ноздрите. Оттогаш, тој ги откажа настапите на својата светска турнеја.

Во видеото објавено на Инстаграм, тој вели:

– Ќе се врати во нормала, само треба време. Но, се надевам дека се ќе биде добро. И јас верувам во Господ и верувам дека сето тоа е со причина и … не сум сигурен што е причината сега, но во меѓувреме ќе се одморам.

Слични содржини