Муарем: Социјалните мрежи се најопасен извор за ширење на дезинформации и пропаганда

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Пропагандата и дезинформациите земаат се поголем замав, особено на социјалните медиуми. Порано пропагандата се користеше претежно за рекламни цели, денеска таа е навлезена во сите пори во општеството, вели новинарот Рамуш Муарем, во интервју за ЦИВИЛ Медиа.

Тој додава дека само со позитивна и реална пропаганда може да се бориме со црната и лоша пропаганда.

„За време на короната на социјалните мрежи објавив саркастичен пропаганден текст дека „само во Шутка нема корона“. Таа пропаганда се прошири многу брзо, меѓутоа, целта на таквата пропаганда ми беше да укажам дека Ромите во Шутка се заборавени од општеството, од системот“, вели Муарем.

Слични содржини