Муцунски: Ќе го замолам албанскиот министер да отвори македонски конзулат во Корча

од Milan1
33 прегледи

Македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска беше во посета на Пустец, каде што оствари средби со тамошната македонска заедница, објави „euronews.al“.

Во изјава за медиумите, Муцунски рече дека македонската влада треба да направи повеќе за оваа заедница, додавајќи дека ќе побара од својот албански колега да се отвори македонски конзулат во Корча.

– Тука во Пустец имаме наша македонска заедница, дојдов со министерот за внатрешни работи, а наскоро ќе ни се придружи и министерот за култура. Заедницата придонесе за албанското општество, додека ние како влада мора да направиме повеќе за македонското малцинство во Пустец. Мора да финансираме социјални и културни проекти во оваа област. Потребно ни е повисоко конзуларно ниво. Ќе се сретнам со мојот колега Игли Хасани следната недела во Охрид, имаме фантастичен однос со него. Исто така, ќе го замолам албанскиот министер да отвори македонски конзулат во Корча, изјавил Муцунски.

– Можам да кажам дека тоа беше самит кој помина добро. Политичките активности се нормални насекаде. Верувам во демократијата. Да, за кратко време имаме избори, каде што ние како владина коалиција сме уверени дека ќе победиме за сработеното. Ние сме мултиетничко општество, додал тој.

Придружуван од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, оствариле средба и со градоначалникот на Пустец, Пали Колефски.