Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево остварил конструктивен телефонски разговор со израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Са’ар, соопштуваат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Оттаму додаваат дека во разговорот Муцунски ја реафирмирал поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, за неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност, како и истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето.
„Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет“, се вели во соопштението на МНР.