Муцунски: Утре почнуваат разговорите за соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

од Milan1
254 прегледи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, вечерва за Телевизија Алсат официјално најави дека утре напладне очекуваат да се одржи првата средба на работната група на ВМРО-ДПМНЕ предводена од партискиот лидер Христијан Мицкоски и претставниците на коалицијата „Вреди“.

Според Муцунски, агендата на состанокот ќе се фокусира на истражување на можностите за соработка меѓу двата политички субјекти во рамките на идната влада.

„Утре ќе почнат разговорите. Секако, уверен сум дека нема да се дојде до заеднички јазик веднаш на првиот состанок. Ќе се претстават позициите на двете страни, ќе видиме какви ќе бидат гледиштата, но доколку имаме меѓусебна добра верба, доколку сме реални за очекувањата и доколку сме фокусирани на креирање политики во интерес на граѓаните да ја вратиме надежта во оваа безнадежна држава, безнадежноста којашто беше, јас би рекол, главен симбол на последните седум години од владеењето на СДСМ и ДУИ, тогаш ќе најдеме заеднички јазик. Оптимистички е да се рече дека утре тоа ќе го успееме, но верувам дека брзо ќе најдеме конкретен план“, изјави Муцунски за Алсат.

Слични содржини