Муцунски во „Треблинка“: Најавена поддршка за нов музеј посветен на македонските Евреи

од desk4
64 прегледи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, за време на еднодневната посета на Полска, го посети Меморијалниот музеј „Треблинка“, посветен на жртвите на нацистичкиот логор на смртта. Муцунски оддаде почит пред споменикот на македонските Евреи, остави порака во книгата на жалост и најави институционална поддршка за изградбата на нов музеј во кој ќе бидат впишани имињата на загинатите. Потенцираше дека Холокаустот е траен потсетник за последиците од омразата и нетолеранцијата.